Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена
Магазин

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

09/07/2024

AA

Доцна синоќа околу 21 часот, 74 годишниот  велешанец Ј.Д.со викенд куќа во село Бањица, Општина Чашка, во дворот кај чешмата, бил каснат на ногата од змија поскок. Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се  јавиле во службата за  Итна помош. Тој на патот кај село Клуковец бил преземен од екипа на Итна медицинска помош и веднаш му бил даден змиски противотров и му била укажана медицинска помош, по што итно  бил однесен во Ургентниот центар на велешката Општа болница, информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница.

Тој синоќа по укажаната лекарска помош бил задржан во Одделението за Интерни болести при велешката Општа болница, а изутрината повторно  бил прегледан од д-р инфектолог  кој констатирал дека пациентот е во добра состојба и го испуштил на понатамошно домашно лекување.

Андова  информира дека оваа е трето каснување од змија во велешко за само десетина дена. Претходно, двајца велешани во село Војница била каснати од змии кога го копале лозјето и наишле на змиско гнездо, по што на настраданите од лекарски екипи на Итна помош  веднаш им била укажана прва помош со змиски противотров и потоа исто така  биле донесени   во велешката Општа болница.

Од Службата за итна медицинска помош која е во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес, информираат дека деновиве по трошење на дозите биле снабдени со  интервентни  дополнителни дози на змиски противотров или антивиперинум.

Тие ги советуваат жителите на Велес и велешко да бидат  внимателен при престој во природа или работа на нива во овие летни денови кога има мноштво змии, а во случај на каснување веднаш да побараат лекарска помоп и да се обратат до нивната служба 194.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy