
Тренер по тенис допирал малолетнички по телото
Вчера во полициска станица била поднесена пријава против тренер по тенис.
-На 12.06.2023 во 18 часот во Полициската станица Чаир, 50-годишна и 40-годишна жена од Скопје пријавиле дека во спортска сала на подрачје на Радишани нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од тренер по тенис, соопшти МВР.

