Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ПОЧНУВА СО ИСПЛАТАТА – ќе се дели дивиденда, еве што треба да направат акционерите за да си ги земат парите
Економија

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ПОЧНУВА СО ИСПЛАТАТА – ќе се дели дивиденда, еве што треба да направат акционерите за да си ги земат парите

13/06/2023

AA

Важна вест стигна за акционерите на Цементарницата УСЈЕ, доколку сакаат да си ги земат парите кои им следуваат како дел од добивката што лани ја оствари компанијата, односно својата дивиденда.

УСЈЕ Титан за оваа информација ги извести акционерите преку Македонската берза.

„Ве известуваме дека согласно Одлуката за распределба на
добивката остварена по Годишната сметка и Финансиските извештаи за 2022 година,
донесена на Годишното Собрание на акционери на ден 16.05.2023 година,
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ќе започне со исплата на дивиденда.

Во согласност со чл. 32 ст. 2 од Законот за хартии со
вредност, пресметката и исплатата на дивиденда ќе се врши од страна на
Централниот депозитар за хартии од вредностАД Скопје
(ЦДХВ).

Се повикуваат акционерите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
со право на дивиденда, кои немаат доставено податоци за платежни сметки, да го
пополнат Образецот кој можат да го преземат на следните линкови

https://www.cdhv.mk/ControlPanel/Upload/Obrazeczaisplatanadividenda.pdf
(за домашни акционери) https://www.cdhv.mk/ControlPanel/Upload/Dividend%20Payment%20Form.pdf
(за странски акционери)

и најдоцна до 29.06.2023
година да го достават до писарницата, или по пошта на следната адреса: Централен депозитар за хартии
од вредност АД Скопје, 
Бул. „Кузман Јосифовски Питу бр.1,
П.Фах. 274, 
1000 Скопје, Република Северна
Македонија.

Како што веќе објави Фактор, цементарницата УСЈЕ објави дека ќе дели дивиденда во вкупен износ од 11,67 милиони евра, што практично значи бруто износ на дивиденда од 1.273 денари по акција.

Компанијата лани, како што е познато, оствари добивка од 16,74 милиони евра, што, за волја на вистината, е за 13 отсто пониска во споредба со профитот кој успеа да го реализира во 2021 година, на износ од 19,15 милиони евра. Но, мора да се има предвид дека овој профит од близу 17 милиони евра за УСЈЕ е одличен резултат, ако се има предвид дека 2022 година беше кризна година, со огромни цени на енергенсите и висока инфлација, како и намалување на јавните градежни инвестиции порадуи руско-украинскиот конфликт, што ја намали и продажбата на компанијата. Сепак, оттаму во своите извештаи објаснуваат дека успеале да ја задржат профитабилноста, што всушност го покажува и солидната добивка.

Ако се има предвид дека доминантен акционер на УСЈЕ е Титан Цемент Холандија, кој поседува дури 95 отсто од акциите на нашата цементарница, или прецизно 535.596 акции, тоа значи дека овој странски акционер годинава ќе „ќари“ во форма на дивиденда одлична сума од 11,1 милиони евра. Практично, толку добива странскиот акционер од работењето во нашата држава.

Но, да видиме каде ќе завршат оние 5 отсто од дивидендата што ќе се дели, или сума од 580 илјади евра, кои нема да му припаднат на Титан Цемент.

Имено, акционери на УСЈЕ се и 238 македонски граѓани, односно домашни физички лица, кои располагаат со 26.638 акции, или 4,72 отсто од акционерскиот капитал на компанијата. Однодно, овие 238 домашни акционери ќе земат вкупно 551 илјади евра.

Има и 4 домашни фирми, или правни лица, кои се акционери на УСЈ, и поседуваат 1.530 акции, кои ќе им донесат 32 илјади евра вкупно.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy