Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов најавува можен генерален штрајк и масовен протест во март
Македонија

Трендафилов најавува можен генерален штрајк и масовен протест во март

27/02/2026

AA

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави можност за организирање нов, масовен работнички протест во првата половина на март, како и дополнителни синдикални активности доколку не се исполнат нивните барања поврзани со минималната плата.

Трендафилов посочи дека се разгледува опцијата протестот да се одржи во неработен ден или надвор од работно време, со цел да се овозможи поголема мобилизација на работниците. Според него, ќе биде организиран и превоз за вработените од другите градови, особено за оние кои не присуствувале на претходниот протест одржан на 28 јануари.

Како што најави, покрај протестот, можна е и понатамошна ескалација на синдикалните активности, вклучително и генерален штрајк и иницијатива за собирање 10.000 потписи. Конечната одлука за датумот на новиот протест, рече тој, ќе биде донесена во наредните денови, при што се разгледуваат термини во првата половина на март, меѓу кои и 13, 14 или 15 март.

Трендафилов нагласи дека синдикатот ќе го остави да заврши тековниот месец за да види какви мерки ќе бидат преземени во однос на усогласувањето на минималната плата. Според неговите информации, можно е да се предложи зголемување од 1.666 денари, што, како што оцени, не претставува суштинско подобрување на стандардот на работниците.

Тој посочи дека ваквото усогласување би можело да биде повод за активирање на најавените мерки, вклучително и генерален штрајк. Според него, март е месецот во кој треба да стане јасно дали мартовската плата ќе се зголеми и дали ќе има посериозно покачување на минималната плата.

Трендафилов потсети дека минималната плата во земјава во моментов изнесува 397 евра и дека, според него, таа е значително пониска во однос на минималните плати во регионот. Според ставот на ССМ, потребно е реално и повисоко зголемување кое ќе овозможи подобрување на животниот стандард на работниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија

27/02/2026
Македонија

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026
Македонија

ЗА ДОЛГ ОД 2.700 ЕВРА МУ БАРАЛА ДУРИ 15.000 Падна

27/02/2026
Македонија

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во

27/02/2026
Македонија

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била

27/02/2026
Македонија

Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000

27/02/2026
Македонија

Трендафилов најавува можен генерален штрајк и масовен протест во март

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија и Кочани

27/02/2026

Здружението на граѓани „16ти Март 2025“ реагира со споредба на институционалните одговори по трагедијата во Crans-Montana во Швајцарија и трагедијата

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026

Активностите за уредување и враќање на јавните површини во првобитна состојба повторно се тема на јавна расправа во Општина Аеродром,

ЗА ДОЛГ ОД 2.700 ЕВРА МУ БАРАЛА ДУРИ 15.000 Падна позната струмичка лихварка при наплата

27/02/2026

Полицијата во Струмица уапси 53-годишна жена осомничена за лихварство, откако била затекната во моментот кога примала пари како месечна камата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy