
ТРЕНДАФИЛОВ ИСПРАТИ ПОРАКА АКО НЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ: Се гледаме на улица
Oд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека и улицата е решение ако не се зголемат платите. Следен пат на протест ќе ги повикаат и работниците.
„Не се откажуваме од нашето барање за зголемување на минималецот за 6.000 денари и на сите плати, со субвенционирани или пак, како што сметаат повеќето работодавци, со замрзнати придонеси“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
За Трендафилов, предложеното е подадена рака и кон работодавачите кои сакаат да ги задржат квалификуваните работници во Македонија, меѓутоа и кон Владата.
„Да седнеме да разговараме по однос на прашањата кои ги тангираат работниците, ако доколку не, се гледаме на улица“, изјави Трендафилов.
Владата донесе одлука за зголемување на минималецот за 1.812 денари.

