Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов: Голем дел од пратениците дошле на работа уште рано утринава, само за да не се соочат со работниците, се срамат!
Македонија

Трендафилов: Голем дел од пратениците дошле на работа уште рано утринава, само за да не се соочат со работниците, се срамат!

10/02/2026

AA

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов упати остри критики до пратениците за време на денешната блокада пред Собранието, обвинувајќи ги за лицемерие и игнорирање на работничките потреби.

„Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на нив? Затоа што веќе две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на работничките плати, за покачување на минималната плата и на сите останати плати за најмалку 600 евра во денарска противвредност“, вели тој.

Како што додаде, по 21 човек на две локации ги блокираат пристапите за да не можат да дојдат на работа со сопствени возила.

„Целта е да не можат да наплатат патни трошоци како да трошат керозин, туку да мораат да дојдат пешки или со јавен градски превоз, исто како што на своите работни места одат работниците. Моите информации се дека голем дел од пратениците дошле на работа уште рано утринава, пред 9 часот, само за да не се соочат со работниците на улица. Се кријат затоа што се срамат од своите гласачи и затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата“, вели Трендафилов.

Како што вели, од друга страна, пратеничките плати, според последните најави, ќе се зголемат не само за 9,2% туку и за дополнителни 12,6% поради порастот на просечната плата.

„Постои голема веројатност Уставниот суд да ја укине претходната одлука на Владата, што би значело дека на нивните високи примања од 100 или 120 илјади денари, ќе добијат уште 21% зголемување. Да биде срамот поголем, тие се подготвени да ги намалат своите коефициенти за само 9% за да глумат штедење, а сето тоа само за да не ги зголемат платите на работниците. Пратениците сакаат нивните гласачи да тонат во сиромаштија. Тоа е срамно и нечовечки. Тука сме денеска за да им покажеме дека е недозволиво жестоко да си ги бранат сопствените плати и патни трошоци, а да го игнорираат правото на достоинствен живот на работникот. Оваа блокада ќе трае сè до почетокот на собраниската седница во 11 часот.“, порача Трендафилов

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy