
Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука
Слободан Трендафилов од ССМ во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 ги коментираше случувањата со работниците во Непал. Вели дека газдите случаите ги пријавувале во полиција поради измама – затоа што им го платиле патот до тука, а потоа тие избегале во други земји.
Само во текот на овој месец газди од Охрид и Струмица,пријавија исчезнување на две, односно четири жени од Непал во МВР.
„Што правиме ние? Фирмите кои бараат работници им плаќаат пат од Непал до тука, и тие тука остануваат 2-3 дена, и потоа заминуваат по Германија и во другиот западен свет. Потоа се жалеа дека не можеле да ги најдат. Ние не сме робовладетелско општество и не им ги одземаме пасошите или да ги затвораме навечер за да не избегаат. Во Србија две имаше случаи кога буквално во кафез ги држеа работниците од Непал, Индија и Пакистан. Случајот со Албанија требаше да биде доволен показател дека тие не доаѓаат тука да работат, туку сме само попатна станица за кон побогатите европски земји“, рече Трендафилов.
