Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Македонија

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

27/11/2025

AA

На денешните пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.

Тренчевска посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ надминува 1 милијарда евра и дека државата секој месец мора да префрла средства за да се сервисираат пензиите. Таа предупреди дека одржливоста на Фондот е сериозно нарушена, а ставката од која се трансферираат средства од министерството кон Фондот е веќе 100% реализирана, односно парите на сметката ги нема.

„Пари за исплата на декемвриската пензија нема ниту во буџетот на министерството, ниту во Фондот, бидејќи сите средства беа искористени за исплата на ноемвриските пензии. Како ќе се обезбедат средства за префрлање до Фондот кога во буџетот ги нема?“, праша Тренчевска.

Во своето обраќање, Тренчевска истакна дека со популистички политики и промашени мерки, сегашната власт нанесува штета на пензискиот систем и на социјалната сигурност на граѓаните. Таа потсети дека само во периодот од 2022 до март 2024 година, пензиите беа зголемени за 30%, а дефицитот во Фондот намален од 48% на 32,5%.

„Ние сме за зголемување на пензиите, но тоа мора да се прави одговорно и со стабилен фонд. Сега пензионерите се изложени на ризик, а јасно е дека со сегашниот дефицит и финансиски неодговорни одлуки, исплатите се доведени во прашање“, рече Тренчевска.

Таа побара јасно одговор од заменик-министерот Велковски како ќе се обезбедат средства за исплата на пензиите на 1 декември и кои чекори ќе се преземат за стабилизирање на Фондот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби

03/03/2026
Македонија

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за

03/03/2026
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Директна воена закана за копнена Европа нема,

03/03/2026
Македонија

МНР организира евакуација на македонските државјани од ОАЕ: Се подготвува

03/03/2026
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера,

03/03/2026
Македонија

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Тошковски бара сите пријавени за семејно

03/03/2026
Македонија

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете

03/03/2026
Македонија

Тошковски со итна телеграма до полициските станици: Нула толеранција за

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42199
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби организира комерцијален лет

03/03/2026

Министерството за надворешни работи соопшти дека Амбасадата на Македонија во Абу Даби активно работи на организирање комерцијален лет за евакуација

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за откажаните комеморации и растечкиот антисемитизам

03/03/2026

Воениот конфликт на Блискиот Исток и целосната блокада на воздушниот сообраќај ги срушија плановите на десетици Израелци со македонско потекло

Василевски за 4TV.mk: Директна воена закана за копнена Европа нема, но можен е сериозен економски

03/03/2026

Пензионираниот полковник и поранешен шеф на воено разузнавање Горан Василевски смета дека Иран нема капацитет за војна на повеќе фронтови,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy