Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Ние сме верни поддржувачи на Сојузот на борци и ќе продолжиме да придонесуваме во нивните активност
Македонија

Тренчевска: Ние сме верни поддржувачи на Сојузот на борци и ќе продолжиме да придонесуваме во нивните активност

18/01/2024

AA

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес беше дел од трибината НОБ 1944-2024 во организација на Сојузот на борци. Министерката на трибината беше заедно со Претседателот на Сојузот на Борци, Никола Стојановски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Таа во своето обраќање истакна дека Владата на Република Северна Македонија е верен поддржувач на Сојузот на борци посочувајќи дека тоа е организација која го опфаќа духот, наследството и длабоките пораки на македонските борци особено на оние кои се залагаат за каузата на државноста. Министерката се осврна и на поддршката на министерството за труд и социјална политика кон Сојузот на борци.

„Задоволство ми е да споделам дека преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика успеавме да ублажиме значителен товар со расчистување на долг од 5,5 милиони денари што го оптоваруваше НОБ до 2016 година. Целта на ваквата помош беше да обезбедиме можност да продолжат со својата витална работа. Воедно од буџетот за оваа година издвоивме еден милион и двесте илјади денари за активностите на Сојузот“ рече Тренчевска.

Министерката рече дека покрај поддршката што ја дава министерството на сојузот се залага и за ранливите највозрасни лица во државата.

„За пензионерите со примања до 14.000 денари месечно ќе добиваат по 3.000 денари. Оние со пензии од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат 2.000 денари, а пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари месечно ќе добиваат 1.500 денари. Оваа иницијатива е доказ за нашата посветеност на благосостојбата на нашите постари граѓани“ истакна Тренчевска.

На крајот од средбата министерката рече дека заложбите се доказ за непоколебливата посветеност да се почитува минатото и да се чува иднината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy