
ТРАНСФЕР НА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК НА ДУИ: Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити
Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), донесе одлука да ја промени партиската средина. Тој преминува во Демократското движење предводено од Изет Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН.
Зибери е познат во јавноста како еден од најактивните пратеници во Собранието на Македонија. Покрај политичкиот ангажман, тој е и докажан медицински професионалец, а во минатото ја извршуваше функцијата директор на Центарот за јавно здравје.

