Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск
Економија

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

07/06/2025

AA

Јавното препукување меѓу Доналд Трамп и Илон Маск доведе до огромни загуби на вредност кај американскиот претседател, а особено кај технолошкиот могул Иако на почетокот се сметаше дека само Маск ја платил цената, се чини дека американскиот претседател не излезе од спорот „неповреден“.

Како што пишува Аксиос, компанијата на Трамп, Трамп Медиа и Технолоџи Груп, изгуби осум проценти од својата вредност, што го намали богатството на американскиот претседател за 202 милиони долари.

Меѓутоа, за да биде уште полошо, јавната расправија со поранешен соработник доведе до пад на вредноста на неговата криптовалута OfficialTrump. Вредноста на оваа криптовалута падна за 10 проценти, а загубата за Трамп се проценува на 900 милиони долари.

Меѓутоа, неговиот поранешен колега го извлече „подебелиот крај“. Акциите на Тесла паднаа за дури 14 проценти, бришејќи 153 милијарди долари од пазарната вредност на неговата компанија.

Покрај тоа, акциите на конкурентите на вселенската компанија на Маск, SpaceX и нејзината сателитска подружница Starlink, пораснаа, додека на Tesla паднаа. AST SpaceMobile порасна за 7,5 проценти, додека комуникациската група EchoStar скокна за 17,4 проценти.

Маск и Трамп се скараа околу инсистирањето на Трамп за сеопфатна даночна реформа, која американскиот претседател ја нарекува „одличен и прекрасен закон“, додека Маск ја опишува како „одвратна гнасотија“.

Сепак, американските медиуми велат дека објавата на Маск дека Трамп е на списокот на лица вмешани во случајот со Џефри Епштајн, осуден сексуален престапник и финансиер, кој е обвинет и за сексуална експлоатација на деца, ја уништи шансата за целосно помирување меѓу двајцата поранешни блиски соработници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy