
ТРАМП ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА: Да не го направевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека демонстрантите ќе го уништеле Лос Анџелес доколку не ја распоредел Националната гарда.
Тој, исто така, ги обвини гувернерот и градоначалникот на државата дека „го лажат американскиот народ“ нарекувајќи ги немирите „мирни протести“.
Трамп нагласи дека владата ќе стори сè што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на граѓаните на земјата.