Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп: Украина може да стане дел од Русија еден ден
Македонија

Трамп: Украина може да стане дел од Русија еден ден

11/02/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „еден ден може да биде дел од Русија“, додека неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс се подготвува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на неделата.

Во изјава за Фокс њуз, Трамп го повтори својот став за потребата брзо да се стави крај на војната во Украина. „Можеби ќе постигнат договор, можеби не. Можеби еден ден ќе биде руски, можеби не“, рече Трамп.

Тој исто така нагласи дека САД треба да ги вратат инвестициите во Украина преку пристап до нејзините природни ресурси, како што се ретките минерали. „Ќе инвестираме огромна сума пари и ги сакам назад. Им реков дека сакам еквивалентни, приближно 500 милијарди долари минерали од ретки земји“, рече Трамп, додавајќи дека Киев „преголемо се согласил“ на тоа барање.

Трамп, исто така, потврди дека наскоро ќе го испрати својот специјален пратеник Кит Келог во Украина, кој ќе подготви предлог за прекин на борбите. Се очекува Келог да пристигне во Украина на 20 февруари, неколку дена пред третата годишнина од руската инвазија.

Во меѓувреме, Зеленски повикува на „вистински мир и ефективни безбедносни гаранции“, вклучително и членство во НАТО или распоредување мировни сили. Киев стравува дека договор без конкретни воени обврски на САД ќе и овозможи на Русија да се прегрупира за нов напад.

Трамп, иако сака да посредува за завршување на војната, се уште нема презентирано конкретен план за преговори. Путин бара повлекување на Украина од југоисточните региони и го отфрла нејзиниот пристап кон НАТО, додека Зеленски не се согласува на територијални отстапки кон Москва.

Претседателот на Украина најави дека работат на организирање средба со Трамп, додека Трамп минатата недела изјави дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски, но ја отфрли можноста да го посети Киев, пишува Гардијан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026
Македонија

Голем пожар кај магацините во Охрид, огнот се шири кон

15/07/2026
Македонија

Мицкоски: Бараме формула за поевтинување на струјата од јануари

15/07/2026
Македонија

Повторно се разгоре пожарот кај Бајково: „Ер-трактори“ и бројни екипи

15/07/2026
Македонија

Драматично спасување кај Матка: Водата однесе два малолетника и едно

15/07/2026
Македонија

Полицијата му одзема шест возила и недвижен имот на бегалецот

15/07/2026
Македонија

Пропадна последниот рок за договор за Изборниот законик

15/07/2026
Македонија

Ленче Ристоска по пресудата за „Талир 2“: Исти докази, две

15/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy