
Трамп повторно на суд
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се појави доброволно пред судот во Њујорк подоцна денеска за почетокот на граѓанскиот процес против него за деловна измама, Асошиејтед прес.
„Утре наутро ќе одам на суд за да се борам за моето име и углед“, напиша Трамп во неделата вечерта на својата платформа за социјалните мрежи Truth Social.
Во својот пост, Трамп ја критикуваше њујоршката обвинителка Летиција Џејмс, која го гони, како и судијата во случајот, Артур Енгорон. „ЦЕЛИОТ ОВОЈ БИЗНИС Е ИЗМАМА!!! напиша Трамп. „Ќе се видиме на суд во понеделник наутро“, додаде тој.
Судењето е кулминација на долгогодишната истрага против Џејмс, која го обвини Трамп и неговата компанија дека прават навика да лажат за своето богатство во финансиските извештаи и документите. Трамп редовно ги измамувал банките, осигурителните компании и другите со преувеличување на вредноста на средствата во документите што се користат за затворање зделки и за обезбедување заеми, рече и судијата во случајот минатата недела.
