Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп постави рекорд: 79 претседателски наредби за 40 дена
Македонија

Трамп постави рекорд: 79 претседателски наредби за 40 дена

03/03/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал 79 претседателски декрети за 40 дена, што е рекорд, забележува агенцијата Франс прес, цитирајќи ја својата статистика врз основа на податоците од Федералниот архив на САД.

Толку декрети потпишал претходникот на Трамп, Џо Бајден за време на неговите четири години на власт, додава агенцијата.

27 од декретите се однесуваат на тарифите, поддршката за фосилните горива, создавањето на суверен богат фонд и прогласувањето на енергетска вонредна состојба за да се стимулира американското производство на јаглеводороди.

14 извршни наредби се однесуваат на прашања поврзани со различноста и родот, вклучително и оној кој го признава постоењето на само два пола во Соединетите Држави – машки и женски.

16 декрети се посветени на прашања поврзани со програмите за имиграција и прием на бегалци, како и за укинување на правото на државјанство по раѓање.

Неколку сојузни судии го блокираа спроведувањето на декретот за одземање на правото на државјанство по право на раѓање. Еден од декретите се однесува и на воспоставување на англискиот јазик како официјален јазик, што значи дека федералните агенции повеќе не се обврзани да даваат услуги на други јазици освен англискиот.

6 декрети се однесуваат на федералната агенција за ефикасност на администрацијата, на чело со Илон Маск.

13 наредби се однесуваат на здравствената заштита, вклучително и повлекувањето на САД од Светската здравствена организација, суспензијата на владината веб-страница за информации за репродуктивните и сексуалните права или укинувањето на наредбата на Џо Бајден со која се гарантира пристап до апчиња за абортус.

Еден од уредбите се однесува и на враќање на работа на воениот персонал кој не бил вакциниран против КОВИД.

10 декрети се однесуваат на технологијата, вклучително и создавање на Национален совет за енергетска доминација, насочен кон развој на производство на енергија за потребите на вештачката интелигенција наспроти конкуренцијата на Кина во оваа област.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ

17/12/2025
Македонија

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена

17/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за

17/12/2025
Македонија

ТРЕНЧЕВСКА И ТРАЈАНОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ Избрани се и членови

16/12/2025
Македонија

9 месеци од трагедијата „Пулс“

16/12/2025
Македонија

Филипче го соопшти новото раководство на СДСМ: Формираме тим за

16/12/2025
Македонија

Дополнителни 15 милиони евра за „Бехтел и Енка“ од буџетот

16/12/2025
Македонија

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати

16/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy