Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕКИНАТИ СПОРНИТЕ ДОКТОРСКИ И МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ Според деканот Бакрески, студентите не се без диплома
Македонија

ПРЕКИНАТИ СПОРНИТЕ ДОКТОРСКИ И МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ Според деканот Бакрески, студентите не се без диплома

21/04/2026

AA

На 7 студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, чии додипломски студии биле тригодишни стручни, им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето.

Раководството на Филозофскиот факултет при УКИМ попладнево на прес-конференција соопшти дека ги почитува и ги спроведува заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при уписот на овие студенти на магистерски и на докторски студии и го донел решението за прекин на студирањето.

Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески, рече дека студентите не се без диплома, но дека не е почитуван законот, кој пропишува дека само со академски, но не и со стручни студии, може да се продолжи студирањето на повисоки циклуси. Во овој случај стручните студии биле третирани како и академските, со што на студентите им било овозможено да се запишуваат на втор и на трет циклус студии, иако тоа за овој вид студии не важи според сè уште актуелниот Закон за високото образование од 2018 година.

Првиот студент на постдипломски студии со тригодишни стручни додипломски студии бил запишан во 2019 година. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осуммина на едногодишни стручни студии. Нема решение од Инспекторатот дали нивните дипломи ќе останат важечки.

Бакрески рече дека ДПИ констатирал состојби што не се во согласност со законот и врз основа на тоа го донел решението. Смета дека до оваа ситуација дошло веројатно поради разни интерпретации на законот, а не со тенденција на колективот на Филозофскиот факултет.

– Има разни интерпретации во аргументациите на наставниците и во тие сегменти во кои е постапувано се посочува одреден член од правилникот, кој не е конзистентен или создава некаква, условно, системска нерамнотежа од аспект на одредено толкување, но јас не сум тој што може тоа доследно да го интерпретира. Ние постапивме во согласност со решението на ДПИ, за жал, мораше да ги испишеме тие студенти. Не можам ниту да бранам, ниту да амнестиирам некого. Проблемот е сериозно сложен. Поголем сет на луѓе се вклучени во постапувањето и во одлучувањето. Овие состојби не се добредојдени и како декан ќе направам сè во иднина да нема вакви ситуации на факултетот – истакна Бакрески.

Како што рече, бил фрапиран од објавата на еден портал дека ДПИ при контрола на Филозофскиот факултет утврдил нерегуларности, со што се добило впечаток дека Факултетот е фатен во неправилности. Соопшти дека самиот тој повикал инспектори да утврдат дали е законска состојбата со овие студии. Надзорот траел од крајот на минатата година, а решението на ДПИ е донесено во март.

– Напротив, по инциции дека можеби овие студии се проблематични, јас иницирав вонреден инспекциски надзор. Не сакав јас да постапувам за да не влегувам од грешка во уште поголема грешка. Ова го правиме за сите други наши студенти да имаат правна основа во студирањето – додаде Бакрески.

На студентите на втор и на трет циклус, на кои им прекинува студирањето, парите што ги уплатиле за студии ќе им бидат вратени. Бакрески ги демантира написите дека тие се жалеле за поврат на средствата и оти постоела паника во Деканатот. Самоиницијативно одлучиле да им ги вратат средствата на студентите, им се јавиле за да ги добијат на нивните транскакциски сметки и на некои веќе им се вратени парите.

На прес-конференцијата деканот апелира да не се повредува угледот на Филозофскиот факултет на УКИМ, кој има традиција од над 100 години, и да се има доверба во институционалнот процес.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.

СЕ ЗАПИШУВАЛЕ НА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДА ЗАВРШАТ ФАКУЛТЕТ Министерката Јаневска чека извештај од Филозофскиот факултет

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy