Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп го прекина контактот: Повеќе нема да разговара со Путин
Македонија

Трамп го прекина контактот: Повеќе нема да разговара со Путин

04/04/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не планираат нов телефонски разговор по посетата на преговарачот на Путин на Вашингтон, соопшти Кремљ.

Ен-Би-Си Њуз претходно објави дека неговиот близок круг го советувал Трамп да не разговара повторно со Путин додека рускиот лидер не прифати целосен прекин на огнот во Украина, кој, според Путин, во принцип е отворен доколку се исполни долгата листа на услови.

Кирил Дмитријев, инвестициски претставник на Путин, вчера изјави дека гледа „позитивна динамика“ во американско-руските односи по дводневните состаноци во Вашингтон, но рече дека се потребни повеќе состаноци за да се решат разликите.

„Без сомнение, гледаме позитивна динамика во нашите односи“, изјави Дмитриев за новинарите во Вашингтон по средбата со претставници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Сè уште ќе бидат потребни низа состаноци за да се решат сите наши разлики. Но, клучно е да се види позитивен, креативен став“, рече Дмитриев.

„Гледаме апсолутно јасно дека администрацијата на претседателот е решена да ги решава проблемите, за разлика од претседателот Бајден. Тие пристапуваат со голема почит, поставуваат многу прашања, наоѓаат компромиси“, рече тој.

Дмитријев рече дека дел од темите на кои разговарале во Вашингтон биле соработката во вадењето на ретки минерали и Арктикот. Тој додаде дека продолжуваат преговорите за обновување на директните воздушни линии меѓу Русија и САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски

15/02/2026
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41487
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy