Трамп ги демантира обвинувањата за силување
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата на писателката и новинарка Елизабет Џин Керол дека ја силувал во стоковна куќа на Менхетен, опишувајќи ги како „најсмешна, најодвратна приказна“.
На видео кое било прикажано пред судот на Менхетен, Трамп рекол дека наводите се измислени и оти нападот никогаш не се случил.
– Да се случеше тоа, ќе беше пријавено за неколку минути, рече Трамп, додавајќи дека клиентите и вработените во многу прометната продавница ќе слушнеле врева и ќе ги предупредиле властите.