
Трагедија во Албанија: Македонец се удави на плажа кај Драч!
Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин.
Како што информира албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот, кога мажот влегол во морето и набргу потоа доживеал срцев удар. Според првичните информации, тој се удавил непосредно по влегувањето во вода.
Очевидци веднаш се упатиле кон телото на давеникот, а на местото пристигнала и екипа на итната медицинска помош. За жал, лекарите само можеле да констатираат смрт.
Албанските власти ги истражуваат околностите под кои настанала трагедијата.