Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Патници за Скопје заглавени во Истанбул: Четири пати променет гејт, летот исчезна од информативните табли
Македонија

Патници за Скопје заглавени во Истанбул: Четири пати променет гејт, летот исчезна од информативните табли

21/07/2025

AA

Десетина патници од летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје вечерва останаа на аеродромот во Истанбул, откако авиокомпанијата Turkish Airlines не успеа навреме да ги информира за промените на гејтот.

Според сведочења на патниците, гејтот за летот бил променет четири пати, а последната промена од B9A на F7 била соопштена само усно од страна на операторот на гејтот. Веднаш потоа, летот исчезнал од информативните табли на аеродромот, што предизвикало дополнителна конфузија.

„Дел од нас беа на гејтот и три часа пред полетување, но поради хаосот со промените и отсуството на јасни информации, летот ни избега. Имаме и Boarding pass со печат од гејтот како доказ дека сме биле таму“, велат патниците.

Откако случајот бил пријавен до менаџментот на Turkish Airlines, компанијата реагирала со понуда за бесплатни карти за следниот лет кон Скопје, како и ваучери за храна. Тие го признале пропустот, сепак, патниците кои вечерва останаа во Истанбул не добија сместување, иако во повеќето случаи авиокомпаниите се обврзани да го обезбедат.

Поради безбедносни правила, чекираниот багаж од патниците беше отстранет од авионот и поради тоа имаше доцнење од 30 миниту за полетување кон Скопје.

Во повеќето случаи авион не смее да полета со багаж од патник кој не е на летот. Ова е правило кое се вика “baggage reconciliation” и е воведено од безбедносни причини (после терористички инциденти во минатото како бомбашкиот напад на Локерби во 1988).

Подоцна патниците добија само бесплатни карти за следниот утрински лет за Скопје, но ништо од ветените ваучери за храна. Менаџментот рече дека имало грешка во комуникација и дека ваучери следуваат само ако имате поврзани летови. Откако дел од патниците посочија дека доаѓаат од друга дестинација, а Истанбул е само трансфер, вработениот повторно го смени ставот и посочил дека ниту нив не ги следува ваучер за храна.

Патниците најавуваат дека ќе поднесат официјални жалби заради, како што велат, пропустите во организацијата и комуникацијата со кои биле оставени да се снаоѓаат сами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy