Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трае кризата на Барселона – само реми на Местаља (ВИДЕО)
Спорт

Трае кризата на Барселона – само реми на Местаља (ВИДЕО)

16/12/2023

AA

Трет натпревар во период од шест дена и трет кикс на Барселона која останува се подалеку од првото место на табелата во Ла Лига.

„Каталонците“ денеска ја прекинаа серијата од пет победи против Валенсија и ремизираа на Местаља (1-1) во дербито на 17. коло. Фудбалерите на Барселона беа апсолутно подобар противник, но не ги искористија големите шанси и за тоа беа казнети.

Двата гола на мечот беа постигнати во второто полувреме. Резултатот го отвори Жоао Феликс по една фантастична акција која наликуваше на оние од најдобрите денови на Барселона. Де Јонг со длабинска топка го проигра Рафиња, овој врати пред голот, а таму осамен беше Португалецот кому му остана најлесниот дел од работата.

Три минути подоцна Феликс можеше да стави точка на победата на Барса, но не искористи чиста шанса, Рафиња исто така беше непрецизен, а казната стигна во 70. минута кога Гиљамон го израмни резултатот. Иако до крајот доминираше, гостинската екипа не успеа да дојде до останатите два бода.

Барселона сега има 35 бода, шест помалку од лидерот Жирона, со натпревар повеќе, додека Валенсија е на десеттото место со 20 бода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy