
Тошковски по стапките на Филков, ќе магистрира на тема од работата на МВР
По случајот со министерот за правда Игор Филков, сега и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се најде под лупа поради неговата магистерска работа.
Темата „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај“ директно се совпаѓа со неговата актуелна функција, што отвора сомнежи за судир на интереси и нарушување на академската независност, пренесе Цивил.
На истата седница на Научно-наставниот совет каде се одлучува за трудот на Тошковски, беше разгледуван и магистерскиот труд на Филков. Двајцата министри, истовремено активни функционери, ја користат академската сцена за напредување во момент кога вршат државна власт, што дополнително ја отвора дилемата: дали станува збор за вистинска наука или за дипломи подарени благодарение на политичката функција.
