Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење, ќе набавиме и тестови за дрога!
Македонија

Тошковски: Одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење, ќе набавиме и тестови за дрога!

07/02/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ предложи неколку законски измени во законите кои ја регулираат оваа сфера со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно намалување на жртви во сообраќајни незгоди.

Министерот Тошковски во своето излагање дефинираше неколку најважни точки на предлог законски измени и унапредувања кои ќе го зајакнат системот со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот:

„Ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци, конкретно сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во ЗБСП во делот на брзото возење и наместо алтернативно да се изрекувва парична казна, истата кумулативно да се изрекува со казна затвор.

Проширување на можностите на системот „Безбеден град“ да препознава нерегистрирани возила.

Набавка на тестови за дрога. Веќе сме во подготвителна фаза за набавка и на тестови за дрога, нешто што досега никогаш не било имплементирано, а според анализите, возењето под дејство на опојни дроги е исто толку опасно како и возењето под дејство на алкохол.

Одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење.

Инкриминирање на управување на моторно возило без положен возачки испит.

Аплицирање на промени кои ќе овозможат системот да овозможи ефективна контрола и строги санкции за рецидивистити, преку институционална вмреженост и ефикасна размена на податоци помеѓу институциите. Еден од поголемите проблеми што ги имаме во контекст на сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Постојат бројни случаи каде луѓе кои сториле тешки кривични дела во сообраќајот поминуваат со минимални или дури и условни казни. Казните, колку и да се високи на хартија, не значат ништо ако тие не се изрекуваат, а уште помалку ако не се спроведуваат. Ние мораме да го разбиеме овој систем на компромиси и полуправда, односно неправда.

Дигитализација и целосно поврзување на МВР со судовите со цел полесна евиденција на изречените забрани за управување со моторно возило.“, рече Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45829
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче да не ја бара вината

27/09/2026

Додека Владата работи на подобрување на условите за граѓаните, во опозицијата се случува хаос, оцени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите веднаш зад нив

27/09/2026

Македонија во првите седум месеци од годинава ја посетиле 741.446 туристи, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други за состојбата во СДСМ

27/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ со остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не може одговорноста за состојбата во СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy