
Тошковски: Можно одложување на системот „Сејф Сити“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека целта е во текот на оваа недела да се финализираат сите закони кои треба да се изменат. Тој посочи дека предлог-решението веќе постои, но се чекало да се видат реакциите на системот „Сејф Сити“ и јавноста.
– Да, целта ни е да ги затвориме заклучно со 01.01.2026 година и да отпочнеме со инплементација, но сме на мислење дали тоа да биде 01.01 или 01.02, поради тоа што не сакаме да наметнеме решение кое што нема да биде подготвено за инплементација. Ние го имаме веќе, но сакаме да сме сигурни дека е тоа, тоа. Можеби граѓаните ќе сметаат дека е потребно уше еден месец за адаптација, можеби ќе го продолжиме уште еден месец плус, истакна Тошковски.
Тој нагласи дека целта е граѓаните да бидат целосно информирани за измените.

