Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска
Македонија

Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

10/01/2025

AA

Објавениот јавен повик на 31.12.2024 година (вторник), за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, од страна на ЕСМ Производство на топлина-ДООЕЛ Скопје заврши. Ве известуваме дека на отворањето на јавниот повик на 08.01.2025 година(среда) не беше доставена ниту една понуда. ЕСМ Производство на топлина работи во насока да се изнајде соодветно решение.

Да потсетиме, Топланите со кои управува ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје користат исклучиво природен гас како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија и така ќе продолжи и во иднина. Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија има законска обврска да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет согласно лиценцата, со цел да обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија.
Токму затоа, ЕСМ Производство на топлина, поради законската обврска, објави јавен повик за доделување на рамковна спогодба за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите најмногу до 11.000.000kg.

Огласот беше јавно објавен на интернет страницата на АД ЕСМ www.elem.com.mk и во јавните гласила Службен Весник и Коха и беше достапен за сите заинтересирани економски оператори. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните количини кои би биле потребни за максимален режим на работа на топланите за 15 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy