Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Том Селек повеќе нема мустаќи
Магазин

Том Селек повеќе нема мустаќи

13/10/2023

AA

Холивудскиот ветеран Том Селек неодамна се најде на насловните страници со тоа што одлучи да се раздели од своите култни мустаќи.

78-годишникот, кој се прослави со улогата во крими-серијата од 80-тите, „Магнум: приватен истражувач“, беше забележан во ново издание минатиот месец во Лос Анџелес.

Тој е речиси непрепознатлив со полна брада, покажуваат новите фотографии.

Облечен во црна маица и шорцеви, со бујна сива брада, прославениот актер изгледа несредено и многу далеку од својот славен имиџ на крупен, шармантен срцекршач.

Реткото појавување во јавност на Селек доаѓа во време на подолга пауза од снимањето на полициската драма на Си-би-ес, „Сина крв“, поради штрајкот на холивудските сценаристи.

Актерот беше забележан во „Мекдоналд“ во близина на својата куќа во областа Сан Фернандо Валеј.

Селек, чија кариера трае повеќе од пет децении, ја докажа својата долговечност како актер во бројни ТВ-серии уште од „Магнум ПИ“. Тој глумеше во голем број други ТВ-класици, вклучително и „Пријатели“, каде што го портретира љубовникот на Моника Гелар, и во драмата на „Еј-би-си“, Boston Legal.

Актерот моментно глуми во 13. сезона на полициската драма Blue Bloods („Сина крв“), во улогата на Френк Реган, комесар на њујоршката полиција.

Минатиот месец Селек ја прослави 35-годишнината од бракот со актерката Џили Мек (65), со која се ожени во 1987 година. Двојката има една ќерка Хана, а пред сегашниот брак актерот десет години беше во брак со Жаклин Реј, мајка на неговиот син Кевин. Тие се разведоа во 1982 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45123
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа во помош за гаснење на

19/08/2026

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргна кон Мариово, каде ќе помогне во справувањето со големиот пожар што го

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри високообразовни институции во светот на најновата Шангајска листа. На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy