Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ТОЈ НЕ Е ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВО“ Тројца претседатели одбија да се фотографираат заедно на самитот КОП28
Македонија

„ТОЈ НЕ Е ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВО“ Тројца претседатели одбија да се фотографираат заедно на самитот КОП28

01/12/2023

AA

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ на Литванија, Летонија и Полска денеска одбија да учествуваат на официјалната заедничка фотосесија на светските лидери на климатскиот самит КОП 28 во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати, поради присуството на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Претседателот на Полска Анджеј Дуда не се фотографираше за групна фотографија на учесниците на климатскиот самит COP28 во Дубаи.Причината е присуството на диктаторот на Белорусија Александар Лукашенко. Ниту претседателите на Литванија и Летонија, Гитанас Науседа и Рдгарс Ринкевичс не позираа со претседателот Анджеј Дуда – објави на платформата Х, шефот на кабинетот на полскиот претседател Гражина Игнацак Бандих, пренесува полската агенција ПАП.

На шефовите на држави и влади кои се собраа во Дубаи на преговорите за климата во ОН им се придружи Лукашенко, кого лидерите на Европската унија (ЕУ) го обвинуваат за репресија врз белоруската опозиција и за сојуз со Русија, која изврши агресија против Украина.

– Би било лицемерно да се застане рамо до рамо со лидерот на земја која стана задна база за руската агресија против Украина и да зборуваме за иднината на светот и климатските промени како да не е ништо – рече Наузеда.

Тој додаде дека заедничката фотографија се нарекува и „семејна“ и дека Лукашенко „не е дел од нашето семејство“.

Литванија и Летонија, две поранешни советски републики, се меѓу најжестоките руски критичари и поборници за зголемување на огромната воена помош за Киев. Двете земји и Полска ги обвинија властите во Минск дека стојат зад масовниот прилив на мигранти во ЕУ, во обид да го дестабилизираат регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy