
ТИРАНИЈА ВО АМАЗОН, КОМПАНИЈАТА ИМА „СТРАШНА“ КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: Посебни скенери алармираат до шефовите за неактивност која трае подолго од 10 минути
Француската
агенција за заштита на податоци, CNIL, денеска објави дека ја казнила компанијата
Amazon со 32 милиони евра поради „прекумерен и наметливо“ надзор што се користи
за мерење на перформансите на вработените.
Според CNIL, вработените
во логистичкиот центар на Амазон во Франција се надгледуваат првенствено преку
скенери кои персоналот ги користи за обработка на пакетите, пренесува France
24.
Имено, скенерите
ги предупредувале шефовите за неактивност која трае подолго од 10 минути, како
и пребрзо ракување со предметите, а Amazon го следел и времето од влегувањето
на вработените до моментот кога тие почнуваат со работа.
Работниците не
биле соодветно информирани за надзорот, а Амазон чувал податоци за нивната
работа 31 ден. Францускиот регулатор смета дека овој надзор е во спротивност со
Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR), која
наметнува строги правила за компаниите да добијат согласност за тоа како се
користат личните податоци.
Портпаролот на
Амазон вели дека не се согласува со оваа одлука, бидејќи смета дека споменатиот
систем за следење е неопходен „за да се гарантира безбедноста, квалитетот и
ефикасноста“ на работата и не ја отфрли можноста за жалба.
ФОТО: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF
