Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го славиме преподобен Теодосиј Велики
Македонија

Го славиме преподобен Теодосиј Велики

24/01/2024

AA

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители.

Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји.

Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн. Но, во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето.

Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господа кога имаше сто и шест години, во 529 година.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy