Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимчо Муцунски во Брисел: Владата продолжува со реформи и евроинтеграции
Македонија

Тимчо Муцунски во Брисел: Владата продолжува со реформи и евроинтеграции

17/12/2025

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион.

Муцунски најави дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги посочи приклучувањето кон СЕПА, партнерството за безбедност и одбрана, иницијативата за укинување на роамингот и други слични проекти, преку кои граѓаните директно ги чувствуваат придобивките од европскиот процес.

Во изјава за националниот сервис, министерот Муцунски истакна дека, според оценките на Европската Унија, Владата по завршувањето на локалните избори покажала сериозна посветеност во спроведувањето на клучните реформи од реформската агенда.

„Во моментов, веќе има повеќе закони во собраниска процедура, примарно насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти поврзани со реформската агенда, чие носење е поздравено од Европската Унија“, истакна Муцунски.

Тој додаде дека позитивни оценки за Владата од страна на ЕУ се добиени и во областа на економијата и образованието, при што највисоката оценка е забележана во делот на надворешната политика, односно усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

„Нашето место е во Брисел, нашето место е како полноправна членка на Европската Унија. Жално е што во изминатите години се соочуваме со билатерални блокади“, нагласи Муцунски, најавувајќи дека ова прашање ќе биде дел од дискусиите.

Тој потенцираше дека Владата ќе продолжи фокусирано да работи на техничкото усогласување и исполнувањето на потребните критериуми, но истовремено ја нагласи важноста, заедно со земјите-членки на ЕУ, да се изнајде начин за надминување на билатералните пречки кои очигледно постојат.

„Жалам што во последните недели не гледаме доволно добра волја за возврат, и покрај реформските процеси што ги спроведуваме и кои се препознаени и во Брисел и од страна на земјите-членки. Ние ќе продолжиме по нашиот пат – со фокус на домашните реформи, а во однос на билатералните прашања ќе бараме рационално решение кое нема да ги загрози националните интереси“, изјави Муцунски.

Говорејќи за реформите, тој нагласи дека нивните ефекти најдиректно ги чувствуваат граѓаните, посочувајќи дека државата е меѓу првите во регионот во имплементацијата на дел од европските политики.

„Доколку постои добра волја и доверба, не постои прашање за кое не може да се најде решение. Во последно време чувствуваме недостиг од добра волја од страна на Софија. Земјите-членки го следат наративот што доаѓа оттаму и очекуваме нивна поддршка во процесот на изнаоѓање решение“, заклучи Муцунски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата

25/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
Македонија

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОЧЕКУВА СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДА ИМА УВИД ВО

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ РЕШЕНИЕ ЗА МАМОГРАФОТ ВО „БУКУРЕШТ“ Недозволиво е поликлиника

25/11/2026
Македонија

СТОКАТА ВРЕДНА 5,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА ИМАЛО САМО НА ХАРТИЈА

25/11/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е

25/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46927
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата за уставните измени

25/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Европската комисија да го препознае напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските од Реформската агенда и

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси 4.000 автомобили, уапсени се две

25/11/2026

Дури 3.944 возила биле проверени, 67 биле одземени, а две лица биле лишени од слобода во Македонија во рамките на

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал подолг временски период

25/11/2026

Двајца родители од скопскиот регион се приведени по пријава дека подолг временски период физички и психички ги малтретирале своите три

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy