
Тиафо: Кога ќе го видам Алкараз, сакам само да го нокаутирам!
Тиафо беше гостин во подкаст кај австралискиот тенисер НИк Кирјос и даде коментар за поразот од пред две години.
„Тешко ми беше да го прифатам поразот затоа што се чувствував како никогаш да не сум видел некој да игра толку добро. Овој натпревар ми беше едно од најубавите искуства во животот и секогаш ќе го паметам. Мислам на тоа постојано, понекогаш кога ќе го видам Алкараз, сакам само да го нокаутирам, но тој е одлично момче и не би можел да го направам тоа“, кажа Тиафо.

