
ТФТ со убедлив пораз од Златибор стартуваше во новата сезона од АБА 2 лигата!
Тимот од Тафталиџе имаше лош старт на мечот кој се играше во Суботица. ТФТ ја загуби првата четвртина со 33-22. Златибор направи солидна предност која знаеше како да ја одржува до крајот на мечот.
Македонскиот тим беше рамноправен во вториот и третиот период, но во последната четвртина следуваше нов пад, тие десет минути му припаднаа на Златибор кој на крајот го доби мечот со 93-74.
Најефикасен во составот на ТФТ беше Николов со 17 поени, двоцифрен беше и Луис со 11. Во составот на Златибор најдобар беше Ковачевиќ со 22 поени.
Македонија има уште два претставника во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје утре од 21 часот игра против Цедевита јуниор, а во среда Пелистер ќе се сретне со Шенчур.
