Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со пари од Девствени Острови ќе се рестартира „Југохром“
Економија

Со пари од Девствени Острови ќе се рестартира „Југохром“

10/10/2023

AA

Фото: Вангел Тануровски

Тетовскиот суд во петокот правосилно му го одобри реорганизациониот план на фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце, која повеќе го нема терминот „во стечај“ во своето име.

Стечајната постапка се заклучува со решението, а новоформираното друштво со усвоен план за реорганизација ќе продолжи да работи во сопственост на „Поисил Финансиал Корп“ од Девствени Острови. Со прифатениот план треба да се подмират сите обврски кон доверителите, а досегашниот технички директор Славко Стојчески ќе управува со целокупниот имот.

Металуршкиот комбинат на крајот на 2016 со 800 вработени ги изгасна печките за топење феросилициум, по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. „Југохром“ во 2014 година доби двегодишен период во кој требаше да постави филтри за отпрашување на гасовите што произлегуваат од процесот на топењето на рудата. Тогаш проблеми се јавија при подготвувањето на техничката документација за филтрите.

Живко Калков, стечајниот управник кој ќе треба да ја надгледува реорганизацијата, вели дека во новиот план е прифатено дека инвеститорот има 3 милиони евра да ја исплати куполата порачана од ФАКОМ за отпрашување на печките, како и уште еден милион евра потребни за подготвителни поправки и реконструкција на тој дел.

– Ова се почетни средства за да може комбинатот да проработи. Треба да се исплатат и 1,5 плати за вработените. За 18 месеци е предвидено да заврши првата фаза од рестартирањето и да се вклучат најновите печки, а тоа се „7“ и „8“. Враќањето во работа ќе биде со 328 работници, а кога ќе завршат сите три фази на рестартирање, нивниот број ќе биде 500-тини, вели Калков.

Тој е убеден дека ќе заврши поставувањето на филтер станиците за прочистување на издувните гасови од производството на фабриката, која произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Калков вели дека најтешкиот дел ќе биде добивањето на еколошката дозвола од Министерството за животна средина, за што веќе е разговарано со министерката Каја Шукова.

– За 36 месеци, односно во 2026, треба да биде целосно завршен процесот на враќање во работа со максимална искористеност од 65 отсто од капацитетот, а производството да биде 42.000 тони годишно, додава Калков и вели дека „Југохром“ има 42 хектари свое земјиште и дека во планот е предвидена изградба на фотоволтаична централа.

Инвеститорот има 18 милиони евра за изградба на фотоцентрала од 30 мегавати, што ќе биде сопствен помошен извор на енергија, а предвидени се и 6,5 милиони евра за поправки низ целата фабрика.

– Електричната енергија од фотоцентралата ќе започне да се користи кога нејзината изградба ќе достигне до 10 мегавати, тврди Калков и додава дека не знае од каде доаѓа инвеститорот, туку дека тој единствено е задолжен да го спроведе рестартирањето.

„Југохром“ пред затворањето учествуваше во вкупниот бруто домашен производ со еден процент, а од целокупниот македонски извоз од металопреработувачката индустрија,  7 отсто во структурата учествуваа легурите на комбинатот.

Фабриката има и пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром, која и во стечај мора да работи под контрола од Министерството за животна средина.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен скопјанец на границата со Косово, запленети две товарни возила

17/07/2026
Македонија

Директорката на „Водовод“ Гостивар тврди: Заболените не се од водата,

17/07/2026
Македонија

ВИДЕО Алармантно во Гостивар – водата што тече од чешмите

17/07/2026
Македонија

Македонец и Србин се скарале среде ноќ на брод –

17/07/2026
Македонија

Рама: Албанија нема да ја блокира Македонија на патот кон

17/07/2026
Македонија

Трагедија во Прилепско: Маж загина откако се превртел со трактор

17/07/2026
Македонија

Ристоска: Не е точно дека „Талир 2“ ќе беше во

17/07/2026
Македонија

АХВ забрани употреба на водата за пиење во Гостивар, се

17/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44456
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен скопјанец на границата со Косово, запленети две товарни возила со криумчарена стока

17/07/2026

Полициска акција на македонско-косовската граница резултираше со приведување на скопјанец и заплена на две товарни возила кои, според првичните информации,

Директорката на „Водовод“ Гостивар тврди: Заболените не се од водата, туку од храната и жештините

17/07/2026

Додека надлежните институции воведоа забрана за користење на водата за пиење во Гостивар поради сомневање за загадување, директорката на ЈП

ВИДЕО Алармантно во Гостивар – водата што тече од чешмите е кафеава

17/07/2026

Сериозна состојба владее во Гостивар откако во изминатите денови повеќе од 1.000 граѓани побарале медицинска помош поради стомачни тегоби, додека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy