Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетово доби Роса школа за доење – донација од Пивара Скопје и Министерството за здравство
Македонија

Тетово доби Роса школа за доење – донација од Пивара Скопје и Министерството за здравство

25/12/2023

AA

Денес во рамките на ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше отворена Роса школата за доење, донација на Пивара Скопје и компанијата Кока-Kола преку брендот Роса, а во партнерство со Министерството за здравство.

Оваа долгорочна соработка започна во 2018 година со отворањето Роса школи за родителство, а подоцна и Роса школи за доење, со цел поддршка на идните родители при справувањето со предизвиците што ги носат новите животни улоги. Како и во останатите, така и во тетовската Роса школа, новите мајки ќе можат, во целосно реновиран и модерно опремен простор, да добијат бесплатна стручна помош, совети и соодветна едукација за процесот на доење и за родителството воопшто.

Трошоците за реновирање и опремување на просторот директно ги обезбеди Пивара Скопје, преку кампањата со која се одвојува по еден денар од секое продадено шише Роса од 1,5 и 0,5 литри.

Во рамки на денешниот настан во Клиничката болница во Тетово, генералениот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев и министерот за здравство, Фатмир Меџити, потпишаа и нов меморандум за соработка со кој Пивара Скопје и Министерството за здравство се обврзаа до 2024 година да отворат уште две нови Роса школи за доење низ државата.

„Исклучително сме задоволни што отвораме уште една Роса школа за доење, преку која придонесуваме за правилна нега и раст на доенчињата и правилна едукација на нивните родители. Горд сум што овој проект, кој го остваруваме во соработка со Министерството за здравство, успешно се реализира од 2018 година и досега резултираше со девет Роса школи за родителство и шест школи за доење, вклучувајќи ја денешната во Тетово и онаа што наскоро ќе биде отворена во Скопје. Продолжуваме и наредната година, со уште поголема мотивација за остварување на нашите заложби за поддржување на заедницата“, изјави Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје.

„Во рамките на Роса школите, младите родители имаат можност за консултација со стручен тим – педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, за предностите на ексклузивно доење, како и за други актуелни прашања поврзани со текот на бременоста, нега на трудници, подготовки за породувањето и негата и исхраната на новороденчето. Овој месец, освен во болницата во Тетово, со поддршка на Пивара Скопје опремуваме и нова школа за доење и на Клиниката за детски болести во Скопје, кадешто доењето е особено значајно за предвремено родените дечиња, кои се третираат на оваа клиника“, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Роса школите за доење и за родителство се од исклучително, стратешко значење за Пивара Скопје. Поддршката што Роса им ја овозможува на новите родители и подобрувањето на условите за сите идни родители и новороденчиња, се само дел од заложбите на Пивара Скопје, чија цел е да биде долгорочен партнер на целата заедница, во сите сегменти на нејзиното постоење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува период со дожд и поројни

07/10/2026

Утрото во четврток, 8 октомври, ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy