
Тешко повреден малолетник при скок од малото пристаниште во Охрид
На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди се здобило 15 годишно малолетно лице од Скопје.
Истото, со возило од Итната медицинска помош е префрлено во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.