Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Езерото „Младост“ и понатаму небезбедно за капење, рекреација и наводнување
Македонија

Езерото „Младост“ и понатаму небезбедно за капење, рекреација и наводнување

03/08/2025

AA

И покрај повеќекратните предупредувања, езерото „Младост“ кај Велес и натаму останува небезбедно за капење, рекреација и наводнување – покажуваат најновите резултати од анализите на Центарот за јавно здравје – Велес, направени на 17-ти јули годинава.

Во извештајот се наведува дека водата е со лош квалитет, особено на мерните места „Отовичка плажа“, „Брод Панини“ и „Плажа Бела Вода“, каде се забележани алармантно високи концентрации на амонијак – дури 50 пати над дозволеното, зголемена заматеност и повисоки нивоа на сатурација со кислород.

Иако микробиолошките параметри покажуваат добра оценка, физичко-хемиските анализи ја рангираат водата меѓу третата и петтата класа – што значи дека не ги исполнува условите за безбедно користење. Дополнително, на терен е забележана масовна појава на алги и густа биомаса со непријатна жолто-кафеава боја која го покрива крајбрежјето.

Стручњаците предупредуваат дека постои сериозен ризик од присуство на цијанобактерии и токсични супстанции – цијанотоксини – кои можат да предизвикаат оштетувања на црниот дроб, нервниот систем и кожни реакции. Поради тоа, Центарот за јавно здравје веќе вторпат препорачува итно и специјализирано испитување за утврдување на нивното присуство.

Извор на проблемот, според експертите, се отпадните води кои завршуваат во езерото од околните населби, од кои дел сè уште не се приклучени на колекторскиот систем за пречистување

Додека не се потврди спротивното, стручните служби категорично укажуваат: водата од езерото „Младост“ не смее да се користи – ниту за капење, ниту за наводнување, риболов или рекреација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy