
Тешка несреќа во Охрид: 19-годишен мотоциклист се бори за живот по судар со камион
На 31.05.2025 година во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(50) и мотоцикл „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ц.(19) инаку и двајцата од Охрид.
Во несреќата Ф.Ц. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.