Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илиевски: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани
Македонија

Илиевски: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани

01/06/2025

AA

СДСМ на денешната прес-конференција, преку потпретседателот Методија Илиевски, ја продолжи серијата обвинувања во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, посочувајќи нови наводи за вмешаност на полициски службеници и за прикривање од страна на власта.

Според Илиевски, Драган Казак Петрушев, сменоводителот кој бил на должност во кобната вечер, е вториот заштитен лик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по Панче Тошковски.
– Мицкоски и Коцевски се должни да објаснат зошто сè уште нема обвинение против Петрушев – рече Илиевски.

Тој праша дали навистина постои видео-снимка на која се гледа дека Петрушев, спротивно на процедурите, ги заклучува вратите на објектот и не дозволува излез на присутните. Дополнително, според СДСМ, наместо да ја спроведе контрола на „Пулс“ во 12:30 часот – како што налагала наредбата – Петрушев контролата ја спровел доцна, откако забавата завршувала.

– Родителите бараат одговори речиси три месеци, а Обвинителството не го опфаќа ниту еден актуелен функционер – изјави Илиевски.

СДСМ прашува и дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Петрушев, со цел контролата да се спроведе пред крајот на забавата, што наводно било договорено за да не се наруши профитот на локалот.

Според Илиевски, против Петрушев постои и друга постапка, за издавање службена тајна и контакти со криминални структури. Тој тврди дека Петрушев можеби е заштитен поради блискост со ВМРО-ДПМНЕ, како и поради поседување компромитирачки материјали за функционери од партијата.

– Зошто секогаш е присутен на протестите во Кочани во формален капацитет? Дали тоа е обид да се заплашат родителите на жртвите? – праша Илиевски, додавајќи дека постои сериозна опасност за влијание врз сведоци и уништување на докази.

СДСМ тврди дека институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ не ја испорачуваат правдата и најавува дека ќе продолжи со објавување, како што велат, на „вистината за трагедијата во Кочани“.

– Нема да дозволиме оваа трагедија да остане без одговорност – порача Илиевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy