Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС КИДНАПИРАА СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН: Мајката очајна моли за помош
Регион

ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС КИДНАПИРАА СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН: Мајката очајна моли за помош

17/10/2023

AA

Во терористичкиот напад на Хамас на северот на Израел беше киднапиран и 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел, а неговата мајка Идит Охел, чие семејство е по потекло од Нови Сад. Таа за Косово онлајн изјавила дека нејзиниот син бил киднапиран бидејќи учествувал на музички фестивал.

„Тој е музичар и отиде на мировен музички фестивал, каде што имаше околу 2.500 луѓе. Околу шест часот наутро следеше масовен ракетен напад во областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели се возеа до засолниште, каде се криеја од ракети“, раскажува таа што слушнала од пријателот на нејзиниот син.

Биле во засолништето со 27 луѓе на слична возраст, кои се обиделе да побегнат од ракетниот напад.

Во еден момент во засолништето дошле терористи на Хамас и се обиделе да ги убијат сите. Во прифатилиштето фрлиле седум гранати.

„Мојот син и еден од неговите пријатели се обидоа со голи раце да ги фатат гранатите и да ги исфрлат од засолништето за да спасат луѓе. Едната експлодираше во прифатилиштето и повреди многу луѓе. По детонацијата, терористите влегоа и го одведоа мојот син надвор.Тој бил жив и киднапиран бил со уште три лица. Ги качиле во камион и се оддалечиле.Сето тоа го видел неговиот најдобар пријател.Тој бил повреден и се преправал дека е мртов со својата девојка, додека терористите пукале во останатите во Засолништето. Откако беше донесен во болница, ни кажа дека Алон бил киднапиран и однесен во Појасот Газа“, објасни таа.

Оваа информација ја потврди и израелската армија.

„Мојата тринаесетгодишна ќерка постојано му се јавуваше на неговиот мобилен број со надеж дека ќе одговори. Околу 11:30 се јави една жена и рече – не убиваат, дојди спаси не… Го земав телефонот и ја прашав како се вика, по што ја прекина врската. Бевме исплашени, затоа што не знаеме каде е нашиот син“, вели загрижено таа.

Идит вели дека бидејќи Алон е српски државјанин, побарала помош од српскиот конзулат во Израел.

„Семејството од страната на мајка ми е од Нови Сад. Дедо ми е роден таму и како млад од 15 години, по почетокот на Втората светска војна, успеал да побегне. Целото семејство му е убиено, само делот кој е во Белград остана“, додава таа.

Алон и неговиот помал брат планирале овој месец да го посетат своето семејство во Белград.

Таа истакнува дека нејзиниот дедо дошол во Израел за да изгради нов живот, безбеден за неговите потомци, а сега се случил нов холокауст во кој Алон бил киднапиран.

„Алон е невин млад човек. Ние сме како секое друго семејство. Нашето секојдневие е целосно превртено од оваа страшна реалност со која се соочуваме. Не спиеме, се будиме во кошмар“, рекла мајката со растреперен глас.

Таа рече дека се надева оти Србија ќе може да им помогне на терористите на Хамас да го ослободат Алон.

„Се молам секој ден за него, да издржи и да знае дека го сакаме. Знам дека конзулатот на Србија сака да биде ослободен. Тој има српска крв преку дедо ми. Се надевам дека ќе направат се за да го вратат кај нас“, вели таа.

Идит Охел истакна дека никој не знае каде се киднапираните и дека Хамас веројатно ги крие во тунелите, но и дека израелската армија прави се за да ги спаси сите Израелци.

Идит посочува дека никој не ни помислил дека вакво нешто може да се случи.

„Бевме целосно изненадени од ова злосторство, не бевме подготвени за вакво нешто. Израел никогаш немал вакво нешто во својата историја. Сè уште не можеме да разбереме што се случи. Има премногу страдања за да сфатиме. Нема ниту едно семејство во Израел што не познава некого или немало некој убиен, киднапиран или повреден. Секое домаќинство има некој што го познаваат, а кој бил жртва на терористи“, рече таа.

Израел и неговиот народ се силни и ќе ја преживеат оваа траума, како и многу други настани во историјата, изјави Идит Ахел, која чека добри вести за својот син.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
Македонија

ПО РАСПРАВИЈА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА СЕ СРЕТНАЛЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА, ПА ПУКАЛ

27/11/2026
Македонија

„БАБА НАДЕ“ НЕ Е „БАБА НАДЕ“ КАКВА ШТО МИСЛИТЕ! Немало

27/11/2026
Македонија

ПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА Седум институции треба

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46968
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен раководител на „Водостопанство“ во Кочани

27/11/2026

Раководител на подружницата „Брегалница“ на „Водостопанство“ во Кочани е кривично пријавен под сомнение дека овозможил пет лица да земаат плата

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се надева на брзо решавање на

27/11/2026

Земјите од Западен Балкан мора да станат дел од Европската Унија. Тоа е основната цел на Процесот Брдо-Бриони. Мирот и

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато, полицијата трага по нив

27/11/2026

Грабеж во златарница на улицата 11 Октомври, во центарот на Куманово, бил пријавен денеска во 12:32 часот во Секторот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy