
Терор на улиците на Лондон: Два напади со самострел за 10 дена, полицијата трага по маж кој го тероризира градот
Во Лондон во рок од 10 дена се случија два напади со самострел, а полицијата смета дека случаите се поврзани и дека е вмешан истиот напаѓач.
Најпрвин жена (44) била погодена со стрела во главата кога ја преминувала улицата во Шордиќ вечерта на 4 март.
Потоа, на 14 март, маж (20) бил погоден во вратот од стрела во близина на улицата Арнолд Циркус, 60 метри од местото каде што се случил првиот напад, исто така во вечерните часови, објави Скај њуз.
Двете жртви ја напуштиле болницата и не се верува дека имаат долгорочни здравствени последици, соопшти полицијата. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот, а во текот на викендот на терен ќе бидат испратени повеќе полицајци за подобра заштита.

