
ТЕПАЧКИ ВО АВТОБУС: Дали причината се политички тензии?
Од ЈСП информираат дека вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случил уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.
„Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ. Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите. Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки“, велат од ЈСП.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на коешто се гледа како повеќе лица удираат патник во градски автобус, објави СкопјеИнфо
Тепањето се случило во преполн автобус на 57-ца во скопската населба Радишани, а причините се непознати…