
Тепачка меѓу двајца војници во Ѓорче Петров
Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

