Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тенкови Леопард 2, но и хеликоптери Апачи доаѓаат во Македонија!
Македонија

Тенкови Леопард 2, но и хеликоптери Апачи доаѓаат во Македонија!

26/05/2025

AA

Тенкови Леопард 2А6, хеликоптери Апачи AH-64, Хамви возила, JLTV оклопни возила и разна друга опрема и средства ќе бидат користени на воениот полигон Криволак во рамките на вежбата во која ќе учествуваат над 2000 воен персонал од 7 земји членки на НАТО и две партнерски земји.

Македонија ќе биде домаќин на воената вежба “Immediate Response 2025“ или „Брз одговор“ која ќе се одржи од 26-ти мај до 9-ти јуни.

Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, односно лесниот пешадиски баталјон, Воздухопловниот ВИНГ и Логистичка база. Ќе учествуваат и контигенти од САД, поточно Националната гарда на Вермонт со 710 припадници, потоа контигенти од Албанија (30), Грција (50), Италија (30), Црна Гора (185), Обединетото Кралство (2 учесници, набљудувачи или супервизори), како и партнерските земји Австрија (70) и Косово (150).

Освен тенкови Леопард, кои според информациите ќе ги има 4+1, односно четири борбени тенкови и еден за звлекување, и два хеликоптери Апачи, во вежбата ќе бидат вклучени американските транспортни медицински хеликоптери „HH-60”, попознати како „Црн Јастреб“, потоа транспортен хеликоптер „МИ 8/17“, инжинерско возило „Хаски“, а ќе се употребуваат минофрлачи.

Вежбата е практично демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби.

Вежбата е дел од серијалот вежби „Defender 25” кои редовно се реализираат на годишно ниво и претставуваат долго планирани вежби предводени од Армијата на САД за Европа и служат за зајакнување на источното крило на НАТО.

Граѓаните ќе имаат можност и одблиску да ја видат и да се запознаат со дел од воената опрема која ќе биде користена и која ќе биде изложена во Кавадарци на први јуни од 10 до 13 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy