
Телефонска измама во Битола: 88-годишна жена дала 1000 американски долари, евра и 20.000 денари верувајќи дека синот ѝ прегазил дете
На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето.
Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.