Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕЦ Неготино ќе купува мазут за 210 милиони евра
Економија

ТЕЦ Неготино ќе купува мазут за 210 милиони евра

07/03/2023

AA

ТЕЦ Неготино годинава ќе купува мазут во вредност од 210 милиони евра, според финансискиот план за 2023 што го објави термоелектраната. Трошокот ќе биде за повеќе од двојно поголем во однос на минатата година.

Во планот пишува дека за купување на мазут се предвидени 12.804.773.500 денари. Тоа е повеќе од двојно повеќе од проекциите за 2022, кои засега се сведуваат на проектирани 5.688.482.926 денари, или поточно 93 милиони евра. Наплата од производство на електрична енергија од 100 милиони во 2022 би се зголемиле на околу 215 милиони евра во 2023.

„Финансискиот план на АД ТЕЦ Неготино за 2023 година е направен врз основа на електроенергетскиот план на АД ЕСМ Скопје за работа на АД ТЕЦ Неготино за 2023 година за планираното производство на електрична енергија според предвидените количини на мазут (250.000 I) наменети за производство на електрична енергија. АД ТЕЦ Неготино за 2023 година предвидено е да произведува електрична енергија (835.000М Е)да оствари приход од основната дејност, врз основа на Договорот за деловно техничка соработка со АД ЕСМ вклучувајќи ги и планираните Анекси кон Договорот“, се вели во планот.

РКМ на Ратко Капушевски и неговиот од неодамна нов бизнис партнер Ерџан Сулкоски на крајот од минатата година го добија тендерот на ЕСМ за набавка на 180.000 тони мазут за потребите на ТЕЦ Неготино до крајот на грејната сезона.

Тендерот беше затворен на крајот на ноември, откако претходно имаше повици за набавка на 190.000 тони мазут за ТЕЦ Неготино и нешто повеќе од 20.000 тони за подружниците на ЕСМ. На повикот не беше дозволено делумна понуда. Од ЕСМ ни рекоа дека договорот е склучен на 180.000 тони, но не прецизираа за цената, освен дека е постигната според важечката што е одредена од регулаторот. 

Во јануари Регулаторната комисија за енергетика одлучи да го зголеми надоместокот за премија кај нафтениот дериват мазут М-1, со што на РКМ му беше овозможено да заработи екстра 10 долари по тон.

Со допис од 16 јануари 2023 година, РКМ ДОО Скопје, носителот на лиценца трговија на големо со нафтениот дериват- Мазут М-1, го информирал Регулаторот за зголемен износ на надоместокот за премија за нафтениот дериват, чие зголемување би влијаело значително врз работењето и ликвидноста на компанијата. 

Во меѓувреме РКМ го закупи складот за мазут на Цементарница со габарит од 3.000 метри квадратни, според информацијата која како барање за нова лиценца ја пласираше Регулаторна комисија за енергетика.

„Друштвото побара менување на лиценцата поради зголемување на капацитетот со кој се врши дејноста со уште еден резервоар од 3000 m3 за складирање на Мазут (М-1). Резервоарот се наоѓа на КП бр.3675/1, Имотен лист бр.31867, КО Кисела Вода 1, сопственост на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, земен под закуп од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги РКМ ДОО Скопје“, гласи известувањето на РКЕ.

За РКМ на Капушевски досега беше познато дека од 2020 поседува склад под закуп во сопственост на оранжеријата Хамзали од Босилово во големина од околу 1.000 м3, но медиуми го оспоруваа договорот како фиктивен.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy