Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИЗАТА НИ „ИЗЕДЕ“ 250 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БДП, домашната економија порасна само 2,1 отсто
Економија

КРИЗАТА НИ „ИЗЕДЕ“ 250 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БДП, домашната економија порасна само 2,1 отсто

07/03/2023

AA

Минималниот раст
на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал од минатата година е одраз на
домашната економија, која е под силен удар од неповолните геополитички
случувања, но и од домашните превирања.

Како што објави Државниот
завод за статистика, во четвртиот квартал растот на домашниот БДП беше само 0,6
отсто, а на годишно ниво истиот достигнал 2,1 проценти.

Експертите укажуваат
оти растот во последните три месеци е показател за состојбите, но и резултат на
минималната инвестициска активност.

– 
Забавувањето на економската активност
е појасно видливо во четвртиот квартал од 2022 година, и со тоа целата година
се заврши со 2,1 отсто раст, кој е во линија со очекувањата
на домашната експертска јавност, а нешто понизок од проекциите на меѓународните
институции. Да потсетам дека проекциите за 2022 пред да избувне конфликтот во
Украина се движеа околу 4 проценти, така што изгубени
се два процентни поена од БДП растот, којшто во апсолутна бројка е околу 250
милиони евра доход којшто веројтно ќе се создадеше ако не настанеше ова
геополитичко-геоекономско поместување на Европскиот континент – укажува професорот
Марјан Петрески
.

Петрески за Фактор посочува дека
сериозен удар врз растот на домашниот БДП зададе
фактот што реалните доходи на населението и на фирмите се намалија, поради што
и потрошувачката и инвестициската активност се
потиснати.

– 
Иако конкретно личната потрошувачка се’
уште бележи солиден раст во К-4, но за целата година нејзиниот раст е 3,1 процент што
споредено со растот од 8,1 отсто во
2021, е за околу 2,5 пати помалку
. Во четвртиот квартал
забележливо е и намалувањето на растот на увозот, што е посериозен знак на
делување на трговскиот канал, односно падот на надворешната побарувачка, што е
важно за целата економија, но и за фабриките во ТИРЗовите.

Значи, тие два ефекта: падот на реалниот доход поради растот на цените и падот
на номиналниот доход поради ослабувањето на надворешната побарувачка се
главните одредници на растот на БДП 2022. Гледано секторски, широкопојасна е
оваа стагнација кај секторите, со благ но перзистентен пад кај два важни
сектора: индустријата и градежништвото, а со единствен исклучок трговијата која
забележа значајна стапка на раст
– појаснува Петрески.

Како што покажуваат податоците во првиот квартал од минатата година сме
имале раст на БДП од 2,2 отсто, во втор квартал 4 проценти, додека во трет
повторно 2 отсто. Со раст на БДП од 0,6 отсто во четвртиот квартал, цела година
растот на БДП достигнува 2,1 процент.

Покрај фактот дека минатата година сме ја завршиле повторно со ниски стапки
на економски раст, загрижува и податокот дека не се очекува значително
забрзување на економијата ниту оваа година.

– 
Перспективата за 2023 останува слична како и претходно, со
потисната економска активност, слична на 2022, значи моменталните проекции се
движат околу 2 до 2,5 отсто раст на реалниот БДП, што е под
потенцијалниот раст, што значи ќе останеме во зоната на негативен производен
јаз. Тоа укажува дека 2023 ќе биде далеку од сјајна, но исто така дека нема да
искусиме продолжени негативни стапки на раст. И годинава годишната стапка на
раст на цените се очекува да остане релативно висока
, како резултат на
пренесување на шокот врз пошироката потрошувачка кошничка, а во услови на
никакво или минорно дејство на домашни фактори – објаснува професрот.

Сепак, тој додава дека позитивни вибрации овој период се
изгледите кај инфлацијата.

– 
Интересно
е што во моментов изгледите кај инфлацијата се нешто поповолни од првичните
очекувања, што ако остане така, тогаш може да создаде клима за повисока стапка
на раст на БДП од првично проектираната. Меѓутоа, од друга страна, очекувам
дека каналот на надворешната трговија ќе почне да влијае поинтензивно од
досега, во контекст на стагнантните изгледи кај европските економии и затегнати
монетарни политики кои ќе значат дека тенденцијата кај каматните стапки ќе
остане нагорна – дополнува Петрески
.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy