Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ АЕРОДРОМИ: Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со “Ниво 3” – Акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми
Македонија

ТАВ АЕРОДРОМИ: Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со “Ниво 3” – Акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми

16/01/2026

AA

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со “Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина.

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на Ниво 3, за оптимизација на емисиите на јаглерод од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитација управување со емисии на јаглерод на аеродроми (Airport Carbon Accreditation – ACA).

„Овие акредитации се јасна потврда за посветеноста на ТАВ Македонија кон одговорно управување со животната средина и примената на најдобрите меѓународни практики во одржливото воздухопловство. Достигнувањето на Ниво 3 за Меѓународниот Аеродром Скопје претставува значаен напредок во нашите напори за намалување на влијанието на јаглеродот и подобрување на енергетската ефикасност, со цел да се обезбеди одржлива иднина за македонското воздухопловство“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сертификацијата на “Ниво 3” – претставува потврда дека скопскиот аеродром ефикасно управува и ги намалува своите емисии на јаглерод, додека во исто време активно ги ангажира и своите партнери во нивното управување со емисиите на јаглерод.

За да се постигне ова ниво, Меѓународниот Аеродром Скопје спроведе низа значајни мерки, во кои е опфатено следново: имплементација на програма за енергетска ефикасност и мониторинг во согласност со меѓународните методологии, надградби на системите за осветлување на јавната и воздухопловната зона со високоефикасни LED инсталации, воведување програми за оптимизација и унапредување на енергетските перформанси на системите за греење, вентилација, климатизација, распоредување на хибридна аеродромска опрема и поддршка во транзицијата кон еколошки прифатлив возен парк, зголемување на производството и набавката на обновлива енергија, заеднички иницијативи со авиокомпании и даватели на услуги, како и воспоставување платформа за засегнати страни за климатска акција за споделување податоци, мониторинг на перформансите и координација на плановите за намалување.

„Достигнувањето на Ниво 3 во програмата за акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми за помалку од една година по приклучувањето кон програмата е значајна пресвртница во патувањето за декарбонизација на Меѓународниот Аеродром Скопје. Со оптимизирање на потрошувачката на енергија, зголемената употреба на електрична аеродромска опрема и инвестирање во инфраструктура за полнење електрични возила, аеродромот ги поставува темелите за долгорочно намалување на емисиите на јаглерод. На Ниво 3, аеродромот, исто така, го проширува опсегот на своето влијание во емисиите на јаглерод со опфаќање на јаглеродните емисии и од трети страни, притоа зајакнувајќи го својот пат кон целта за достигнување нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година. Честитки до целиот тим на ТАВ Аеродроми“, изјави Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.

Преку ова достигнување, Меѓународниот Аеродром Скопје ја зајакнува својата посветеност на долгорочна климатска одговорност и е во согласност со целите на ТАВ Аеродроми за постигнување јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година на сите аеродроми во рамките на групацијата.

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку 7 нивоа на сертификација: „Ниво 1“, „Ниво 2“, „Ниво 3“, „Ниво 3+“, „Ниво 4“, „Ниво 4+“ и „Ниво 5“.

Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) е глобална трговска организација која ги претставува аеродромите ширум светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy