Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таткото на загинатиот член на ДНК со порака до Мицкоски и Сиљановска: Имаме претседателка, имаме премиер, ветија дека ќе бидат за сите граѓани – тоа што ветија, не го исполнија!
Македонија

Таткото на загинатиот член на ДНК со порака до Мицкоски и Сиљановска: Имаме претседателка, имаме премиер, ветија дека ќе бидат за сите граѓани – тоа што ветија, не го исполнија!

07/06/2025

AA

Емоции, гнев и разочараност ги обоија денешните моменти на Маршот на ангелите во Кочани, каде што родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката Пулс повторно побараа одговорност и вистинска поддршка од државниот врв.

Таткото на Георги Георгиев, починатиот член на музичката група ДНК, испрати директна и потресна порака до претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, изразувајќи длабоко разочарување за, како што рече, нивната неисполнета поддршка и заборав кон семејствата на настраданите.

„Имаме претседателка, имаме премиер, ветија дека ќе бидат за сите граѓани – мајка, татко – тоа што ветија, не го исполнија. Маќео, ми пушти писмо, па ме заборави за 24 часа. Маќео, на што личи ова? Без потпис. Лично тебе ти се обраќам, Мицкоски. Се нарекуваш патриот, маж, не ве срам! Имате ли деца? Да се живи и здрави, ама за 63 жртви, 63 дена душа ќе ви излегува!“, рече со солзи во очите родителот на Георги.

Тој остро ги осуди институциите и функционерите кои, според него, останале глуви на болката и потребите на семејствата.

„Ти си бил војска? Каде беше кога имаше војна? Јас бев на граница!“, продолжи со огорчен тон, повикувајќи го премиерот да го посети Василево и да се соочи лице в лице со болката на народот.

На крајот од својот говор, родителот остави 1.000 денари, симболично наменети за функционерите – „да купат свеќи и да ги запалат на гробовите на жртвите“.

Маршот, кој се одржува по иницијатива на блиските на трагично загинатите, беше проследен со тага, но и решеност – пораката е јасна: болката не смее да остане игнорирана, а одговорноста е задолжителна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy