
Таткото кој до смрт ја претепа сопствената ќерка, имал претходно 50 кривични пријави
50 кривични пријави за кражби и тешки кражби, двапати осуден на ефективни затворски казни кои ги издржал, татко на 7 деца, корисник на социјална помош до лани. Ова е профилот на 30 годишниот кичевчанец, таткото убиец, кој до смрт ја претепа својата 2 годишна ќерка, пишува Телма.
Нему му е одредена мерка притвор од 30 дена и тој е спроведен во битолскиот затвор.
И од Центарот за социјални рбаоти од Кичево потврдуваат дека ниту до нив нема пријава за семејно насилство од ова семејство. Но, пред две години службите биле известени од полицијата дека по расправија со сопругот, мајката заедно со децата го напуштила домот.
