Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тасевска: Со СДСМ има повеќе за сите, до 15.000 денари поддршка за пензионерите во наредните 5 месеци,
Македонија

Тасевска: Со СДСМ има повеќе за сите, до 15.000 денари поддршка за пензионерите во наредните 5 месеци,

13/12/2023

AA

Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ, вели дека со СДСМ пензионерите имаат повеќе и добиваат повеќе.

„Новиот, 9-ти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.

Го штитиме животниот стандард на пензионерите и се грижиме за сите. Ветивме пораст па пензиите и континуирана финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваме.

Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за сите.

Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка.

За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза.

Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно.

За нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

И тоа е повеќе за сите.

Исплатите на оваа финансиска поддршка пензионерите може да ја очекуваат веќе од втората половина на овој месец.

Со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам, а пензиите растат во континуитет.

Кога велиме повеќе за сите, ќе напоменеме дека СДСМ веќе ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од врмето на ДПМНЕ.

Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година.

Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.

СДСМ покажува што значи вистинска грижа за пензионерите, вистинска грижа за сите. Со СДСМ за сите има повеќе“, вели Тасевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се

30/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На

30/10/2026
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
Македонија

МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ ЗАКАНА, ИЈЗ БАРА ПОГОЛЕМА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Апел до

30/10/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ За четворицата осомничени

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46467
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се очекуваат во недела и во

30/10/2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата и младите меѓу приоритетите

30/10/2026

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори повика

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На Македонија ѝ требаат успеси, резултати

30/10/2026

Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy